Меѓународниот кривичен суд започнува истрага за воени злосторства во Украина

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе започне истрага за можни воени злосторства извршени од Русија во Украина, најави главниот обвинител на МКС, Карим Кан.

-„Објавувам дека решив да го продолжам процесот на покренување истрага за ситуацијата во Украина и тоа што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Кан.

По прелиминарниот преглед на ситуацијата, Кан заклучи дека „постои разумна основа да се претпостави дека наводните воени злосторства и злосторства против човештвото биле извршени во Украина“ во настаните што доведоа до руската инвазија.

„Со оглед на ширењето на конфликтот во последните денови, сакам истрагата да ги вклучи сите нови наводни злосторства во надлежност на мојата Канцеларија, извршени од која било страна во конфликтот, во кој било дел од украинската територија“, рече и Кан.

Според Римскиот статут, Украина не е странка во Меѓународниот кривичен суд, но ја прифатила својата јурисдикција во случајот на воени злосторства и злосторства против човештвото на нејзина територија, рече Кан. Русија, од друга страна, не го признава овој суд.

Сега тужителот мора да добие дозвола од судот за истрага.

Share This Article