Да, денес е Меѓународен ден на лицата со попреченост, ден што има за цел да ја зголеми свеста и поддршката за лицата со различни видови на попречености, но колку сите ние како општество и како поединци се занимаваме со нивните потреби во меѓувреме?
Не баш многу, нели?
Се проценува дека 1,3 милијарда луѓе доживеале значителна попреченост. Ова претставува 16% од светското население, или 1 од секои 6 од нас.
Некои лица со попреченост умираат и до 20 години порано од оние без попреченост.
Лицата со попреченост се во двојно поголема опасност да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, удари, обезност, или лошо орално здравје.
Здравствените неправди се резултат на нефер условите со кои се соочуваат лицата со попреченост, вклучувајќи ги стигматизирањето, дискриминирањето, сиромаштијата, исклученоста од образованието и вработувањето и пречките со кои се соочуваат во самиот здравствен систем.
И додека во држава како нашата им е колку толку добро на оние кои барем имаат некој свој што се грижи за нив и за нивните потреби, се поставува прашањето, што со оние кои немаат никого освен државата?
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.