More

    Меѓународен бара за закоравениот убиец во Црна Гора: Вклучена е и полицијата на Србија и Црна Гора

    spot_img

    По Алијо Балијагиќ, кој е осомничен дека во петокот вечерта во селото Соколац извршил двојно убиство, е распишана меѓународна потерница, а по него полицијата веќе шести ден безуспешно трага.

    Додека жителите на околните села, но и граѓаните на Бијело Поље стравуваат за својата безбедност, планинарите кои добро го познаваат теренот велат дека бегалецот лесно можел да се засолни во една од бројните пештери и јами на тој терен, пишува РТЦГ.

    Во вранеските села се уште владее страв.

    Министерот за внатрешни работи Данило Сарановиќ вчера не сакаше да зборува за случајот што ја потресе цела Црна Гора.

    Тој во неформален разговор со новинарите рече дека убиството е расветлено, дека е спроведена форензичката постапка и собрани се доволно докази за да се даде на Балијагиќ статус на осомничен без двоумење.

    Тој додаде дека е распишана меѓународна потерница, но и дека се во постојана комуникација со полициите на Босна и Херцеговина и Србија.

    Теренот, кој се пребарува со денови, крие бројни пештери и јами каде Балијагиќ можел да најде засолниште, вели искусниот планинар и спелеолог Миле Вуковиќ за ТВЦГ.

    Полицијата и војската остануваат распоредени на повеќе локации додека не биде пронајден осомничениот за двојното убиство.

    Црногорските медиуми објавија и видео на кое Балијагиќ ден пред убиството шета со пушка на рамо низ селата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img