Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавија во јавноста откако се вратија во САД по погребот на кралицата Елизабета Втора. Снимени се на концертот на пејачот Џек Џонсон одржан во Калифорнија, пишува ТМЗ.
Тие биле во ВИП посебен, ограден простор со уште десет лица. Меган и Хари танцувале и се прегрнувале. „ТМЗ“ пишува и дека на концертот не пристигнале заедно, туку прва пристигнала Меган, а еден час подоцна и Хари.
Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември, односно пред еден месец, на 96-годишна возраст. Кралицата Елизабета Втора беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година, кралицата Елизабета прослави 70 години на тронот.
ФОТО: Твитер