Меган Фокс е позната како една од најубавите жени на светот, но холивудската актерка откри дека цел живот се борела со ментално растројство кое ја поткопува нејзината самодоверба.
Фокс е една од ѕвездите кои ќе се појават во костим за капење во специјалот Sports Illustrated Swimsuit, во кој зборуваше за нејзината борба со телесна дисморфија, ментално растројство поради кое никогаш не се чувствува добро со своето тело.
Што е телесна дисморфија?
Експертите го опишуваат телесното дисморфично нарушување како преокупација со имагинарна или мала естетска мана која предизвикува значителна вознемиреност и го попречува функционирањето на една личност. Станува збор за искривено доживување на сопственото тело, кое се смета за психичко пореметување доколку предизвикува потешкотии во животот на човекот.
Никогаш не се чувствувала добро во своето тело
Актерката во претходните интервјуа признала дека никогаш не се чувствувала добро во своето тело, а сега ги открила деталите од нејзината доживотна борба со ова нарушување.
„Имам телесна дисморфија. Не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите луѓе. Не постои момент во мојот живот кога го сакав моето тело. Ниту една“, призна таа.
Проблемот започна многу рано
Таа објасни како никогаш не се чувствувала самоуверена кога го видела својот одраз во огледалото и открила дека нејзиниот проблем започнал многу рано.
Уште кога бев мала бев опседната со својот изглед, се прашував: „Дали да изгледам вака?““, открила актерката која пораснала во религиозно семејство, кое никогаш не му придавало значење на физичкиот изглед.
Големи предизвици
Актерката е свесна за големите предизвици кои и претстојат: „Мислам дека мојот пат кон поголема самољубие никогаш нема да заврши“.
Фокс во интервју за магазинот GQ откри дека понекогаш убавината и самодовербата не одат рака под рака, пренесува Index.hr.
„Можете да погледнете некого и да помислите дека таа личност е убава, прекрасна и дека животот мора да му биде едноставен поради тоа. Сепак, многу пати ова е многу далеку од вистината. Убавината не значи дека некој е сигурен во себе“, вели таа.