More

    Меган Фокс ја објави својата прва збирка поезија, „Убавите момчиња се отровни“, во која зборува за своите најинтимни мисли и љубовни падови

    spot_img

    Холивудската актека Меган Фокс ја објави својата прва збирка поезија, „Убавите момчиња се отровни“ (Pretty Boys Are Poisonous), во која зборува за своите најинтимни мисли и љубовни падови, пишува „Пејџ сикс“.

    „Овие песни се напишани во обид да се искорени болеста што се вкорени во мене поради моето молчење. Цел живот го поминав чувајќи ги машките тајни, телото ме боли од носење на тежината на нивните гревови“, изјави таа.

    Во песните I и II, актерката зборува за абортусот и чувството на тага со кое се справувала во тоа време.

    „Сега морам да се збогувам. Со затворени очи замислувам дека те држам цврсто на моите гради додека те откинуваат од утробата. Ќе ја платам секоја цена. Те молам кажи ми кој е откупот за нејзината душа“, напишала таа покрај илустрацијата на жена која држи бебе.

     

    Иако парот никогаш не го потврдил тоа, обожавателите шпекулираат дека Фокс го абортирало детето со Машин Ган Кели, кој во неговата песна „Twin Flame“ од 2022 година пее: „Оди спиј, ќе те видам во моите соништа“.

    Инаку, пејачот на доделувањето на музичките награди „Билборд“ истата година изјав

    Иако актерката не ги спомнува имињата на нејзините поранешни партнери во песните, вклучувајќи го и нејзиниот вереник Машин Ган Кели, обожавателите се убедени дека таа отворено зборувала за нивните подеми и падови. Во книгата, Фокс споменува „32-годишен нарцис“, „вистинска љубов, пламен близнак“ и „задоволна рок-ѕвезда која само се преправа дека има добри намери“.

     

    „Ти си зависност што нема да ја излекува ниту една молитва“, гласи песната „A Beautiful Boy is a Deadly Drug“, во која таа се осврна на објавата на Инстаграм од 2020 година каде што рече дека рокерот е „болно убаво момче“.

    Да потсетиме, парот се вери во јануари минатата година, а во февруари годинава актерката ги отстрани сите фотографии од својот вереник од својот инстаграм-профил и со тоа ги подгреа гласините за раскинување, кои парот неколку дена подоцна ги демантираше.

    „Но, тогаш еден ден се случи. Еден од идиотите конечно ме скрши“, гласи предговорот на збирката, а обожавателите веруваат дека ова се однесува на гласините за раскинување.

    „Врските не се убави. Тие се грди. Понекогаш се војна. Но, преку раната доаѓа можноста да пораснете и да станете посилна, покомплетна верзија од себе“, заклучила таа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img