Украина никогаш нема да стане членка на НАТО, интерес на Алијансата е само таа земја да ја претвори во алатка за уништување на Русија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Во тој контекст, Медведев се осврна на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за перспективите за влез на Украина во Алијансата, оценувајќи дека не е залудно тоа што Столтенберг неодамна отворено кажа дека смета дека е добро сценарио Украина да влезе во Алијансата во 2034 година.
– Дотогаш лидерите на земјите членки на НАТО нема да бидат на своите позиции, а некои нема да бидат ни на овој свет – рече Медведев во интервју за aif.ru и додаде дека нема да има „озлогласена земја 404“.
Според Медведев, ветувањата за влез на Украина во „рајот на НАТО“ никогаш немале смисла и на крајот се покажале како „празна фраза и средство за перење мозок на украинскиот народ“.
Како што додаде Медведев, секогаш било јасно дека Киев нема да стане членка на Алијансата.
– На самиот почеток го свртевме вниманието на фактот дека влезот на Украина во НАТО не е само директна закана за руските национални интереси, туку дека тоа е објава на војна, но со задоцнување, што противниците на Русија ја водат против нас со години, со ширење на сојузот и со заштита на киевските неонацисти. Тоа е патот на НАТО до точката од која нема враќање – нагласи тој.
Медведев изјави дека Русија би била примена во НАТО по распадот на СССР, доколку се распаднела на неколку делови и се откажела од нуклеарното оружје.
– Ако Русија се распаднеше на седум-осум дела, па дури и да се откажеше од нуклеарното оружје, тогаш со големо задоволство ќе не проголтаа дел по дел. Тоа би бил целосен колапс на Русија, што англосаксонските елити толку многу го посакуваа и сè уште го посакуваат – посочи Медведев.
Тој потсети на приказната на рускиот претседател Владимир Путин за неговата средба во 2000 година со американскиот претседател Бил Клинтон, на која „американскиот лидер дури првично ја изрази својата поддршка за идејата Русија да се приклучи на НАТО“, но по средбата со неговиот тим, ги повлече зборовите и рече дека „сега тоа е невозможно“.
– Процесот на зближување никогаш не започна. Така што, посебно благодарам до Клинтон што ги слушаше советниците од „длабоката држава“. Во тоа што НАТО не одби, всушност се гледа што сака секој од нив: заговор на западните елити против Русија, далековидост на нашиот народ или Божја промисла – додаде тој.
Истовремено, Медведев истакна дека по распадот на Советскиот Сојуз, Русија водела курс кон приближување кон Западот.
– Во тој момент, влезот на нашата земја во НАТО можеше да стане едно од сценаријата за развој на настаните, да се најде можност за оддалечување од поделбата на Европа на спротивставени воени блокови, да се надминат последиците – оцени Медведев.
Русија сега нема со што и со кого да разговара на Запад, бидејќи таму останаа само „тапи медиокритети“, вели Медведев.
Според него, смислата на нивните постапки е тоа што тие кажуваат едно, а прават нешто сосема друго, но најважно – на штета на руските интереси и токму затоа не може да им се верува на таквите говорници.
Тој нагласи дека „никој во СССР (за разлика од Америка) не помислил да преговара за мир со Хитлер на крајот на војната“, и дека во тоа време се работело само за целосно и безусловно предавање.
– И сега е потребно да се постапи на ист начин – со прсилување на поранешна Украина на мир исклучиво под руски услови – рече поранешниот руски претседател.