More

    Медведев сликовито ја предвидува иднината во односите меѓу САД и Украина

    spot_img

    Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на каналот Телеграм напиша дека набрзо ќе заврши поддршката од САД за Украина. Во сликовитото предвидување за тоа како ќе се одвиваат односите, Медведев напиша дека Американците ја користат Украина како „експеримент“ и дека ќе го уништат украинскиот претседател Володимир Зеленски кога „ќе заврши играта“.

    „Американските ентомолози навистина сакаат експерименти врз инсекти. Нивната национална забава е да ставаат различни видови пајаци во тегла и да ги гледаат како се јадат со нескриено задоволство. Порано или подоцна, набљудувањето на инсектите станува бескрајно досадно. Потоа се ставаат на диета и се следи растот на агресијата на членконогите. Тогаш овие мали отровни суштества особено агресивно го боцкаат и го голтаат својот род. Секако, преживува оној што е похрабар, посилен и подебел“ – метафорички појаснува Медведев.

    Поранешниот руски претседател, потенцира дека на крај од „американскиот експеримент“, ќе биде згмечен  и „главниот пајак“, асоцирајќи на Зеленски.

    „А што е со овој најважен главен пајак, кој се здебелил на сметка на крвта и месото на своите племенски членови? Што ќе се случи со него, со победникот? Ако ентомолозите се обложиле на тоа, се разбира. На крајот безмилосно ќе биде згмечен со влечка кога ентомологот ќе си заигра со него“ – вели заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img