More

    Медведев го доби маратонот против Зверев

    spot_img

    Јаник Синер и Данил Медведев ќе играат во финалето на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен. Откако Италијанецот го елиминира Новак Ѓоковиќ во четири сета, нешто подоцна третиот тенисер на светската АТП листа, Зверев по исцрпувачки 4 часа и 22 минути борба и беше поуспешен од шесторангираниот Александар Зверев со 7:5, 6:3, 6:7(4), 6:7(5), 6:3.

    Германскиот тенисер Зверев поведе со 2:0 во сетови, но Медведев за чудо се врати и на крајот комплетно го сврте мечот и победи со 3:2. Во третиот и четвртиот сет ги освои тај-брејковите со блескава игра.

     

    Русниот се избори за нова шанса да стигне до титулата во Млебурн, откако остана со празни раце во мечот за трофејот во 2021 година против Ѓоковиќ и во 2022 година против Шпанецот Рафаел Надал, кога на Ѓоковиќ не му беше дозволено да учествува.

    На патот до големото финале, Медведев ги победи Полјакот Хуберт Хуркач и во четвртфиналето Финецот Емил Русувори во пет сета, кој исто како и Зверев во второто коло поведе со 2:0 во сетови.

    Неговиот противник во финалето, Јаник Синер, кој е рангиран на четвртото место, најголемиот успех досега го има забележано во 2022 година кога стигна до четвртфиналето во Мелбурн.

    Финалето на Австралија Опен меѓу Синер и Медведев  е во недела во 9:30 часот по средноевропско време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img