More

    Медиуми: Неколку членки на ЕУ бараат Орбан да биде „отстранет од претседателството со Унијата“

    spot_img

    Полска, Германија и балтичките членки на Европската унија бараат од унгарскиот премиер Виктор Орбан „да го одземе претседавањето со Унијата“, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, кој се повикува на претставници на ЕУ и на некои медиуми.

    Милански лист наведува дека денеска за ова требало да разговараат амбасадорите во Политичкиот комитет на Унијата, а клучна причина за незадоволството на мнозинството меѓу европските дваесет и седум е тоа што посетата на Орбан на Русија и Кина не била координирана со Советот на ЕУ.

    Според „Кориере дела сера“, германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемаинекајтунг“ и бриселскиот портал „Политико“, евроамбасадорите размислувале да испратат „јасно предупредување до Будимпешта“ во врска со тоа, но унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока, изјави дека таков предлог „не бил на маса“ на амбасадорската средба.

    Италијанскиот весник наведува дека одземањето на член од претседавањето со ЕУ е „тешко, но не и невозможно“, бидејќи тоа би требало да го усвојат 20 земји од ЕУ, кои претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ-27.„Кориере дела сера“ објаснува дека „Орбан веќе ги налути партнерите во ЕУ затоа што го направи слоганот за унгарското претседателство со Унијата „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е многу слично на слоганот на Доналд Трамп во кампањата за Претседателски избори во САД – „Да ја направиме Америка повторно голема““.

    Но, Орбан особено ги налути своите партнери во ЕУ кога, додава миланскиот весник, отиде во посети, особено во Москва и Пекинг, со образложение дека работи на мирен проект за Украина.

    Самиот Орбан јасно стави до знаење дека тоа не го направил во име на Европската унија, наведува „Кориере дела сера“, но унгарскиот премиер смета дека Москва мора да биде фактор во секој договор во врска со мировните преговори со Украина.

    Миланскиот дневен весник ги цитира зборовите на дипломатските претставници на ЕУ дека „Паралелната дипломатија на Орбан е понижување за Унијата бидејќи ги збунува улогите и ја доведува во прашање решителноста и единството што Европа мора да ги покаже кон експанзионистичките аспирации на Путин и кога станува збор за поддршката на Киев“.

    „Коријере дела сера“ ја наведува и оценката на Данијел Хегедус, соработник на „Германскиот Маршалов фонд“, дека „до тоа се уште не е дојдено, но доколку Орбан истрае, ќе му требаат само неколку недели да ја земе играчката на претседателството надвор од неговите раце“.

    Францускиот весник „Монд“ смета дека „маневрите на Орбан и на европската и на меѓународната сцена се показател за општата неорганизираност на западното раководство“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img