More

    Меџити негира дека вработува членови на своето семејство

    spot_img

    „ВМРО-ДПМНЕ очигледно е длабоко погодено од позитивните промени кои се случуваат во здравството откако министерот Фатмир Меџити раководи со институцијата. Длабоко ги боли фактот што министерот обезбеди вработувања за 1.117 здравствени работници и сега се обидуваат да измислат лажен непотизам, како би прикажале дека на тој начин ќе се вршат вработувањата. ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нивното време на партизација на здравството е завршено и дека не се сите исти како нив. ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, ниту реални критики на работењето, па затоа мора да се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот“, се вели во реакцијата од Министерството за здравство, на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека кабинетот на Меџити станал „дувло на непотизам“.

    Министерството за здравство во целост ги отфрла овие манипулации на опозициската партија. „Целосна лага е тврдењето дека министерот вработувал лица од сопственото семејство. Лицата кои бесрамно ги злоупотребува ВМРО-ДПМНЕ се со години вработени во јавниот сектор, а министерот нема никаква врска со нивното вработување. Понатаму, советникот за кој ВМРО-ДПМНЕ се срами да го спомне името е интервентниот кардиолог Хајбер Таравари, еден од најголемите професионалци во ова поле. Тој е ангажиран поради својата експертиза и знаење, а не по партиски клуч како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.

    ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да се обидува да прикаже дека сите се исти како нив.

    „Разликата во водењето на министерството може да го видат граѓаните за неполна година откако со него раководи министерот Фатмир Меџити. За кратко време, реализирани се крупни инвестиции, се вработуваат здравствени работници, се обезбедуваат нови лекови. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, здравството беше само поле за корупција и криминал“, пишува во дописот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img