Меџити не може да поднесе немоќни пациенти да шетаат по ходници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дел од плановите на министерот за здравство Фатмир Меџити, која ќе ја предложи на седница на Влада, е да се спојат сите клиники во Скопје во еден Тријажен центар.

– Треба да има еден директор на цел клинички центар, како што било порано. Има заеднички служби кои се загубари и должници и не можат струјата да ја платат. Но не седев со скрстени раце, побарав донации, користејќи ги и моите лични познанства и собравме сума од некаде 500.000 евра. Сакаме да направиме Ургентен интернистички центар, како што има на Хируршки. Пациентите шетаат по ходници и тоа јас не можев да го поднесам – вели Меџити во вечерашната „Топ тема“ на телевизија Телма.

За да нема толку голем одлив на здравствен кадар, министерот ја разгледува можноста студентот од трите медицински факултети во нашата држава, кога ќе стигне до крајот, односно до шеста година на факултет, да знае каде ќе му биде идната работа.

– Затоа ќе има реорганизација и систематизација. Знаеме дека во Универзитетската Клиника „Мајка Тереза“ имаме хиперпродукција на кадар. Не ни треба толку кадар, а се вработени со миграцијата, од село во град, односно во Скопје. Ова мора да престане. Мора веднаш и да престанат партиските вработувања, секаде, не само во здравството. Ако е добар менаџер треба да остане 30 години, ако е добра главна сестра да си остане и да не се менува – изјави Меџити во вечерашното интервју во Топ Тема.

Тој вели дека таму каде што нема доволно кадри во болниците низ државата ќе се дисперзираат кадри од Клинички. Односно доктори, специјалисти ќе одат да дежураат во друг град или таму ќе држат обуки на своите колеги.

– Секако тоа нема да биде насилно, туку со финансиска стимулација – додаде Меџити.

Share This Article