Партијата Демократско движење на Изет Меџити во соопштение прашува „дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, на Денот на ВМРО“, пишува весникот „Лајм“.
– За жал, се потврдуваат нашите сомнежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени – изјави Меџити за „Лајм“.
-Најдобро е (Груевски) да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме – изјави Османи.