More

    Мечките од Македонија станаа светска вест

    spot_img

    Повеќе странски медиуми, портали и новински агенции, како и сајтови специјализирани за дивиот свет, објавија стории за наездата на мечки во националните паркови во западна Македонија, кои претставуваат закана за локалното население.

    „Десетици инциденти се пријавени оваа година во кои мечките влегуваат во објекти и во села во потрага по храна, напуштајќи ги планинските живеалишта и внесуваат страв кај локалното население, што ја принудува владата да преземе итни мерки“ – пишува агенцијата Асошиејтед прес (АП), потсетувајќи дека кафеавите мечки се заштитени во Македонија од 1996 година.

    Агенцијата пренесува изјава од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, според кого популацијата на мечки во Националниот парк Маврово во последниве години пораснал од 70 на околу 160 до 180 колку што ги има сега.

    Ангелов објаснува дека мечките се размножуваат со зголемена брзина и поради глобалното затоплување повеќе не хибернираат.

    – Мечките сега се активни во зима и само тоа ги тера да бараат храна за да преживеат во текот на целата година. Станува сè повообичаено мечките да имаат по три младенчиња, што порано беше реткост – рече тој.

    Владата на седница во вторникот донесе превентивни мерки во врска со проблемот со мечките во Маврово. Освен мерката да се дохрануваат на посебни хранилишта надвор од населените места, Владата одлучи навреме да се чисти сметот од ѓубре кое ги привлекува мечките во деловите каде живеат луѓе, а објектите за одлагање комунален отпад да имаат метална ограда.

    Мерката ги задолжува локалните власти и јавната установа Национален парк Маврово да соработуваат и да ги чистат депониите, улиците и патиштата, да ги проверуваат придружните објекти со храна, да ги обезбедуваат имотите, да користат стандардизирани методи за заплашување и одвраќање на мечките во соработка со државните органи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img