Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез предизвика бурни реакции со своето однесување по освојувањето на светската шампионска титула во Катар.
Во соблекувалната тој побара едноминутно молчење за Килијан Мбапе кој во финалето и донесе хет-трик на Аргентина, а потоа на улиците на Буенос Аирес носеше кукла со неговиот лик.
Напаѓачот на ПСЖ го прекина молкот по натпреварот против Стразбур.
„Прославите не се мој проблем. Не трошам енергија на такви тривијални работи. За мене е важно да дадам се од себе за клубот“, изјави Мбапе.
Потоа проговори за односот со Лионел Меси кој не реагираше на срамното однесување на Мартинез за време на прославата.
„Ќе чекам Меси да се врати за да продолжиме да постигнуваме голови и да победуваме заедно. Зборував со него и му честитав“.
„Тоа беше животна цел за него, и за мене, но не успеав во Катар, но секогаш треба да останеш добар играч“, додаде Французинот.