Килијан Мбапе ги потврди пишувањата на француските медиуми.
Мбапе нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2025 година. Тоа значи дека неговиот договор истекува за точно една година.
„Никогаш не сум разговарал за продолжување на договорот со ПСЖ. Од 15 јули 2022 година, менаџментот беше информиран за мојата одлука да не продолжам по 2024 година. Писмото што го испратив беше само да го потврдам она што веќе им го кажав“, потврди Мбапе.
Мбапе по оваа потврда ќе бара нов клуб. Сезонава на 43 натпревари постигна 41 гол и забележа десет асистенции. Во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година на позајмица, а една година потоа ПСЖ му плати 180 милиони евра.