Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе побарал од управата на тимот да го продаде неговиот соиграч Нејмар.
„Get French Football News“ објави дека односот меѓу двете ѕвезди на клубот е напнат. Ситуацијата уште повеќе се влоши викендов кога Нејмар не му дозволи на Мбапе да шутира пенал на мечот од 2. коло на Лига 1 со Монпелје (5:2). Претходно на натпреварот Мбапе не успеа да реализира пенал, а вториот досуден за ПСЖ, Нејмар го претвори во гол.
Наводно и на крајот од минатата сезона Мбапе побарал од клубот да се ослободи од Бразилецот. Во текот на летото медиумите пишуваа дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.
Договорот на 30-годишниот напаѓач со парижаните е до 2025 година.
По две кола во францускиот шампионат, ПСЖ има максимални шест бода.