Маж во понеделникот признал дека пред 2 години го убил својот љубовник, а телото го зацементирал во када во една од најексклузивните населби на Хаваите Лоа Риџ.
Хуан Тејдор Барон, кој сега има 25 години, ја признал вината за убиството на Гери Руби (73).
Според судските документи, Барон излеал цемент врз телото на својот љубовник и планирал да му ја преземе сопственоста над автомобилот и над куќата во Хонолулу. Руби ја купил куќата во 2020 година за речиси 2,2 милиона долара, објави Еј-Би-Си њуз.
Властите во март 2022 година од кадата го ископале телото на Руби, кое било во распаѓање. Неговиот брат ѝ рекол на полицијата дека со недели не се чул со Руби, а во последната електронска порака, Руби му кажал дека запознал нов љубовник кој се вика Хуан и е значително помлад.
Полицијата рекла дека Барон го прекрил цементот со талог од кафе за да го прикрие мирисот.
Полицијата го уапсила Хуан откако го нашла во задниот дел на автобус во Калифорнија, кој возел за Мексико.