Вооружен маж влетал со автомобил на аеродромот во Хамбург, Германија, ја пробил заштитната бариера и се упатил кон пистата. Локалните медиуми објавуваат дека на терминалот пристигнал со автомобил „ауди“.
Аеродромот во моментов е блокиран, а во возилото со мажот наводно се и неговите две деца, како што пренесува „Билд“. Неговата сопруга, според објавените информации, ја алармирала полицијата и во итен повик рекла дека нејзиниот сопруг бил во автомобилот со децата и брза кон аеродромот. Мажот предизвикал неколку пожари во делот на аеродромот, а неколкупати пукал од своето возило, во кое биле и неговите деца.
Полициски хеликоптери го надлетуваат аеродромот и патролираат во областа во потрага по сомнителен автомобил, а воздушниот сообраќај е во прекин. Според првите информации, полицијата веднаш реагирала и испратила хеликоптери на аеродромот.
Надлежните ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не се приближуваат до аеродромот.