Јерко Пириќ, 38-годишниот осуденик кој беше во затвор за убиството на 38-годишната Кармелин Фистаниќ, во текот на ноќта е пронајден мртов во затворот во Шибеник.
Пириќ наводно бил пронајден полугол во креветот, а причината за смртта засега не е позната, јавува Слободна Далмација.
Фистаниќ бил застрелан со шест куршуми во главата и вратот на јадранската магистрала кај Омиш, а за неговото убиство биле уапсени Пириќ и 50-годишниот Владо Золота, бидејќи се верува дека тие го нарачале убиството. Сè се случило во ноември 2019 година, а убиството го извршил Стјепан Рингвалд (51).
Пириќ беше осуден на 18 години затвор, Золот на 17, додека Рингвалд доби 19 години затвор. Уште во 2022 година беше поништена пресудата на Вишиот кривичен суд, но истите казни ги добија и во повторениот втор судски процес, но се уште се чека пресудата на Вишиот кривичен суд.
„Слободна Далмација“ наведува дека Пириќ како млад бил во Легијата на странците, а во 2022 година во сплитската затворска ќелија се расекол со остар предмет во стомакот поради третман на службеник на судската полиција. После тоа бил префрлен во КБЦ Сплит каде му биле санирани раните.