До полициската станица во сараевската населба Илиџа се случил страшен инцидент кој го снимил еден од жителите на блиската зграда.
Имено, по кратка расправија, еден маж почнал да ја удира девојката. Најпрвин и удрил многу силно шлаканици по што паднала на бетонот, а потоа продолжил да ја удира.
– Почитувани, ви испраќам вознемирувачка снимка од маж како тепа жена на 50 метри од полициската станица Илиџа. Познато е дека жената е проблематична, но тоа не е оправдување за ваквото однесување ниту пак некој има право да тепа некого толку брутално. Има надлежни институции кои можеа да се повикаа за овој случај. Не знам што и претходеше на целата оваа ситуација, но тоа не е никакво оправдување за ваквото однесување – се наведува во пораката, пренесуваат медиумите од БиХ.0