Најмалку едно лице почина, а околу педесетина се разболеа од труење со ешерихија коли во рестораните на Мекдоналдс низ десет американски сојузни држави, објави денеска Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Си-Ен-Ен.
Според ЦДЦ, труењето е поврзано со четвртина килограми.
Меѓу десетте лица кои се задржани на лекување во болница е и дете кое има хемолитички уремичен синдром, сериозна медицинска компликација која може да настане од инфекција со бактеријата ешерихија коли.
Повеќето од болните се во Колорадо и Небраска.
Според ЦДЦ, истрагата за случајот е во тек, а прелиминарните податоци покажуваат дека изворот на труењето е исечен кромид што се користел за хамбургери.
Мекдоналдс престана да користи кромид и да продава четврт фунти во неколку држави додека трае истрагата.
Во соопштението Мекдоналдс наведува дека резултатите од истрагата за причините за труењето покажуваат дека токму кромидот бил купен од еден производител кој испорачувал три дистрибутивни центри.