Масовниот убиец може да инспирира други да извршуваат насилство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Норвешкиот масовен убиец, ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби вкупно 77 луѓе во Осло и на островот Утоја во Норвешка, сè уште е „многу опасен“ и треба да биде чуван во самица во затвор, изјави денеска пред судот, во рамки на сослушувањето по повод тужбата што Брејвик ја поднесе против Норвешка, барајќи да му се укине изолацијата.

Хјетланд во својот завршен говор истакна дека нема основа за тврдењата на адвокатите на Брејвик дека се кршат човековите права на нивниот клиент.

– Сè уште постои голема опасност тој да изврши насилство или да инспирира други да извршат насилство – рече Хјетланд.

Како и претходните денови, Брејвик одмавна со главата во знак на несогласување со одредени забелешки на Хјетланд.

Во сведочењето на судот во вторникот, Брејвик рече дека самицата е „кошмар“ и дека размислува за самоубиство секој ден.

Адвокатот на Брејвик во понеделникот изјави дека неговиот клиент боледува од „длабока депресија“, додека неговиот психијатар вчeра го негираше тоа.
– Неговите услови го оптеретуваат и се чувствува осамено, но мислам дека не е многу депресивен – рече психијатарот.

Адвокатите на Брејвик тврдат дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи делови во кои се вели дека никој не треба да биде подложен на „тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување“.

Пресудата на судијата ќе биде донесена во наредните недели.

Брејвик (44) ја тужеше норвешката држава во обид да ја прекине изолацијата во затвор, а исто така бара и укинување на ограничувањата за преписка со надворешниот свет.

- Advertisement -
Ad image

Денеска завршува петдневното рочиште во врска со тужбата на Брејвик. На Брејвик му беше дозволено да каже неколку зборови на крајот од сослушувањето.

Брејвик е во изолација откако во 2011 година уби 8 лица со автомобил-бомба во Осло и 69 лица на островот Утоја, од кои повеќето тинејџери.

Share This Article