Масовни апсења во Србија: Дури 13 лица завршија зад решетки во голема акција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
05.05.2023., Dubona, Srbija - Policija osigurava podrucje u selu Dubona kod Mladenovca gdje je sinoc doslo do pucnjave u kojoj je ubijeno osmero ljudi, a ranjeno ih je najmanje 15. Policija je pokrenula akciju "Vihor" i na teren poslala sve raspolozive snage. Photo: Armin Durgut/PIXSELL

По повеќемесечна прелиминарна истрага во српските градови Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин денеска се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на организирана криминална група вклучена во меѓународна трговија со наркотици, соопшти Јавното обвинителство за Организиран криминал на Србија.

Уапсени се: М.С., М.Л., М.Ј., Д.Ѓ., М.М., Д.Н., И.Ц, Р.Р., Ѓ.П. Р, В. С. М. П. и Љ. Л, по наредба на ОЈО за организиран криминал во соработка со МВР, Службата за борба против дрога, Управата за криминалистичка полиција, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, пишува. N1 Србија.

Оваа организирана криминална група која се состои од 20 лица е осомничена дека се занимавала со меѓународна трговија со дрога. Како што се наведува, организаторите и членовите на оваа група се осомничени дека во 2020 година учествувале во набавка и транспортирање на повеќе од шест тони кокаин од Јужна Америка во земјите од Западна Европа и Република Србија.

Во предистражната постапка прибрани се докази поврзани со користење на апликацијата Скај преку меѓународна правна помош, како и докази поврзани со предметните заплени од други земји, пред се Франција.

На територијата на Србија се уапсени 13 лица. Од седумте лица кои не се уапсени, двајца се на издржување затворска казна или притвор според одлуките на Холандија и Перу, едно лице е во притвор по друга основа во Ниш, а четири се во бегство.

Во февруари 2022 година, оваа организирана криминална група, која дејствувала и во карипската област Аруба, склучила договор за плаќање од 4,5 милиони евра за само една испорака на дрога.

Во тек се претреси на повеќе локации. Во рокот предвиден со закон, полицијата со кривична пријава ќе ги спроведе осомничените до ОЈО за организиран криминал, по што ќе бидат на распит.

Share This Article