Нецелосни останки на најмалку шест лица се ексхумирани од масовна гробница што беше откриена на локалитетот Доње Сопотница во општина Ново Горажде, поточно во дворот на православната црква Свети Ѓорѓи.
Посмртните останки се пронајдени на длабочина од околу 40 сантиметри, а утврдено е дека во овој случај се работи за секундарна масовна гробница.
По ексхумацијата, посмртните останки се пренесени во костурницата на ПУК „Свети Марко“ Источно Сараево, каде ќе се врши криминалистичко-медицинска и криминалистичко-техничка обработка, како и вадење на примероци од коски со цел идентификација на посмртните останки со помош на ДНК анализа.
Со процесот на ексхумација на терен раководеше Обвинителството на Босна и Херцеговина и претставници на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина, Меѓународната комисија за исчезнати лица (МКИП) во БиХ, постојан судски експерт – патолог , потребни работници со употреба на соодветна механизација, како и полициски службеници на ПС Ново Горажде, кои ја обезбедуваа локацијата и укажаа кримно-техничка поддршка.