More

    Масовен напад со беспилотни летала врз Русија: Нападнати пет региони, Русите ги објавија деталите

    spot_img

    Според руските медиуми, Русија претрпе масовен напад со дрон во текот на ноќта, а погодени се пет региони во централна Русија и регионот Псков.Во областа Псков, како последица на нападот, избувнал пожар, при што биле оштетени неколку воено транспортни авиони Ил-76, пренесува ТАСС, додавајќи дека во други случаи беспилотните летала биле соборени од силите за противвоздушна одбрана. Русите тврдат дека тоа се украински дронови.

    Руските единици за противвоздушна одбрана спречија „обид на режимот на Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала врз руската инфраструктура“, се вели во кусото соопштение на армијата, пренесува RT.

    Малку по полноќ, три беспилотни летала беа соборени во пограничната област Брјанск, а најмалку еден беше пресретнат над Орјол, на околу 200 километри од украинската граница.

    Околу 2 часот по полноќ, уште едно беспилотно летало беше откриено и соборено над регионот Калуга, југозападно од Москва, додаде Министерството за одбрана во друго соопштение.

    Во 2 часот и 30 минути по полноќ беше соборено беспилотно летало во областа Рјазан. Околу 3 часот и 30 минути, друг украински дрон бил пресретнат и соборен над московскиот регион.

    Непријателско беспилотно летало беше соборено додека патуваше кон руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, додавајќи дека дронот не предизвикал штета и нема жртви.

    Малку подоцна, во 4 часот наутро, беше соборен уште еден дрон над регионот Рјазан.

    Напад со поморски дронови е извршен и во Севастополскиот залив, додава ТАСС, наведувајќи дека руските сили го одбиле нападот.

    Аеродромот во Псков бил нападнат со дрон, кој бил одбиен од силите на руското Министерство за одбрана. Руските медиуми пишуваат дека нема жртви, но тој регион е ограничен за летови и нема да сообраќа денеска. Во нападот се запалил воено-транспортниот авион Ил-76, а во гаснењето на пожарот учествувале 21 техничка единица и 65 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img