Црниот ким е лековито растение кое се користи како дел од традиционалната медицина уште од античко време. Тоа се всушност мали црни семки, а маслото добиено од нив има и многу здравствени придобивки.
Така, маслото од црн ким е најпознатиот лек за превенција и третман на алергии, а исто така добро влијае и на имунитетот. Меѓутоа, кога го користите, треба да обрнете внимание на неколку работи.
Зошто е добро маслото од црн ким?
Црниот ким содржи антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување. Исто така, антиоксидансите го намалуваат воспалението во телото и спречуваат состојби како што се Алцхајмерова болест и рак. Покрај тоа, ова масло е корисно и за:
1. Добро е за астма и алергија
Маслото од црн ким е одлично за лекување на астма и алергии. Додека кај астмата го намалува воспалението и ги опушта мускулите на дишните патишта, во случај на алергија ќе ги ублажи симптомите, само ако се зема на време.
2. Помага при висок крвен притисок
Некои студии покажаа дека ова масло е добро за намалување на нивото на шеќер во крвта, но и како го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.
3. Може да се користи локално
Исто така се користи локално за некои кожни заболувања. Многу е добар за сува кожа, псоријаза и акни бидејќи ги смирува воспаленијата и црвенилото на кожата. Поради неговите состојки добро е да се користи и за побрзо зараснување на раните. Сепак, ова е испитувано само кај животни, па затоа се потребни повеќе истражувања.
4. Има придобивки за варењето
Треба да се направат повеќе истражувања за ефектот на ова масло врз гастроинтестиналниот систем, односно за неговото влијание врз чир на желудникот и дигестивни проблеми. Некои луѓе го користат ова масло за болки во грбот, но и за главоболки.
Како се зема маслото од црн ким?
Ова масло се зема според препораките напишани на неговото пакување. Може да се зема неколку месеци без прекин, по што е неопходно да се направи пауза. Доколку се зема како лек за помош при алергии, треба да почнете да го земате три месеци пред самата сезона на алергени за да делува. Маслото од црн ким доаѓа и во течно масло и во форма на капсула. Има горчлив вкус и може да се пие со малку течност или мед.
Дали земањето масло од црн ким има некакви несакани ефекти?
Доколку имате одредени состојби или болести, треба да се консултирате со лекар пред консумирање. Се покажа дека ова масло може да предизвика проблеми кај луѓето кои имаат некаква бубрежна болест.
Исто така, не се препорачува земање на ова масло за трудници или доилки. Кај некои луѓе, маслото од црн ким предизвикува гадење, повраќање, стомачни тегоби или запек. Во секој случај, треба да се консултирате со лекар пред да консумирате масло од црн ким.
Заклучок
Маслото од црн ким се користи за разни состојби и проблеми, а одлично е и за помагање при алергии и астма. Кај некои луѓе може да предизвика несакани ефекти, па затоа најдобро е да се консултирате со лекар пред да го користите.