Марка: Меси одби да го продолжи договорот, сака да се врати во Барса

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако се навестуваше дека Лионел Меси наскоро ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, ситуацијата се промени. Така барем тврди Марка.

Имено, шпанскиот новинар Жерар Морено тврди дека Меси не е сигурен дали сака да го продолжи договорот со ПСЖ.

„Од денеска Меси не сака да продолжи со ПСЖ. Освојувањето на Светското првенство го промени начинот на размислување на Меси. Сега го цени она што го има сега многу повеќе од она што би можел да го има во иднина“, пишува Морено.

Марка тврди дека со освојувањето на Светското првенство, Меси ја постигнал својата последна цел во кариерата, а сега би сакал да игра во клубот што навистина го сака – тоа е Барселона, каде би сакал да се врати.

Секако дека Меси би морал да се откаже од голем дел од платата што ја заработува во Париз, а Шпанците тврдат дека тоа нема да му биде проблем.

Меси останува во Париз, наскоро и официјално потпишување на договорот

Да потсетиме, вчера доверливиот спортски новинар Фабрицио Романо истакна дека Меси е подготвен да потпише нов договор со „светците“, а кој новинар имал точни информации ќе дознаеме многу брзо.

 

Share This Article