More

    Марк Руте стана шеф на НАТО

    spot_img

    НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување.

    „Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер, Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг“, соопшти Алијансата.

    Руте беше силно поддржан од САД и ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар, Јенс Столтенберг, кога неговиот мандат ќе заврши на 1 октомври.

    57-годишниот премиер на Холандија минатата недела ја запечати трката за лидер на западната воена алијанса, откако единствениот предизвикувач, романскиот претседател Клаус Јоханис, се откажа.

    Искусниот политичар ја напушта функцијата во Холандија по речиси 14 години вршење на должноста.

    Следниот шеф на НАТО ќе мора да се справи со тековните последици од руската војна против Украина и потенцијалното враќање на американското претседателство на Доналд Трамп по изборите во ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img