More

    Марк Ентони по четврти пат кажа „да“

    spot_img

    Поранешниот сопруг Џенифер Лопез Марк Ентони се ожени по четврти пат. Неговата нова сопруга е моделот Надија Фереира, 31 година помлада од него. Свадбата се одржа во тајност во Музејот на уметност Перез во Мајами.

     

    Иако парот се обиде да ги сокрие деталите од венчавката, папараците ја фатија невестата во венчаница. Познато е и дека на венчавката присуствуваа бројни ѕвезди, меѓу кои Дејвид и Викторија Бекам, Салма Хаек и Малума.

    Според американските медиуми, на прославата не била поранешната сопруга на Марк, Џенифер Лопез, ниту нивните деца, близнаците Ема и Максимилијан. Но, на венчавката беа синовите на Марк, Кристијан и Рајан, кои пејачот ги доби во бракот со актерката и пејачка Дајанара Торес.

    Марк ја запроси манекенката во мај минатата година, три месеци откако се дозна за нивната врска. Надија Фереира е парагвајска манекенка која беше крунисана за Мис Универзум Парагвај 2021 година.

    Ова е четврти брак на Ентони. Првпат се ожени со Дајанара во 2000 година и беа заедно до 2004 година. Истата година кога се разведе од неа, се ожени со Џенифер Лопез. Нивниот брак траеше до 2011 година, но тие официјално се разведоа три години подоцна. По третпат се ожени со актерката Шенон де Лима и со неа беше три години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img