Пораснала со две жени, додека нејзиниот татко се борел со алкохолизам па морал да се раздели од мајка ѝ. На 34 години станала жена-премиерка на Финска, а денес е вистинска кнедла во грлото на рускиот претседател Владимир Путин. Сана Марин е во посета на Македонија. Уште кога стана премиерка во 2019 година имаше изјави дека Финска треба да биде членка на НАТО.
А меѓу една од првите нешта кои тогаш Сана ги направи е во нејзиниот премиерски кабинет да се слика за спиаснието „Тренди“ без градник или кошула, само во т.н. блејзер. Фотката предизвика бран на поддршка во Финска каде жените на Инстаграм се сликаа исто така во комотна позиција без градник под хаштагот „јас сум со Сана“. „Нејзиниот градник, нејзина работа“, пишуваа тогаш медиумите.
Но, за да стигне до таа позиција Сана морала да работи. Уште кога била средно била принудена да најде професија, а првото вработување било во пекара. Делела и весници. Кога магистрирала на Универзитот во Тампере, била прва во семејството да заврши колеџ. Тогаш веќе била членка на Социјалдемократската младина, а на колеџ сфатила дека сака да им помага на жените и на сиромашните.
Марин е мажена со човекот кого го запознала во средно, Маркус Реионн, сега познат претприемач и иноватор. Пред да стане бизнисмен бил фудбалер. Тие имаат бебе, а Сана не се срами да објавува фотографии од нејзинот приватен живот пред финската нација. Таа ионака гради имиџ на политичар кој е непосреден, близок до народот.
Сана се опишува себеси како од „семејство на виножито“ и за магазинот Њујорк Тајмс изјави дека често се чувствувала невидлива затоа што не можела отворено да зборува за своето семејство.
– Тоа беше нешто за што не можеше да се разговара. Дури сега во 21 век, дебатата за т.н. виножито-семејства почна да станува прилично отворена.
Таа сега живее во Тампере со нејзиниот сопруг и нивната мала ќерка и вели дека нејзината семејна динамика го обликувала нејзиниот политички живот.
Уште тогаш во 2019 година, Марин беше видена како политичко освежување и враќање на социјалдемократите во Финска. Со новите случувања околу можното членство на земјата во НАТО и зголеменото вооружување кое земјата веќе го презема, нејзината улога во светската геополитика добива на тежина.