Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ утрово на аеродромот во Охрид го пречека претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Сите имаме иста цел и најдобри намери кога станува збор за просперитетот, мирот и стабилноста на регионот. Денес е значаен ден за иднината на европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи.
Добредојде за претседателот на Србија, Александар Вучиќ во преубавиот и сончев Охрид. Даваме силна поддршка за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, за да се дојде до добро европско решение. Овозможиме услови и атмосфера за средбата помеѓу Курти и Вичиќ. Се надевам дека со добри вести ќе заминат од нашата земја“, напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук објавувајќи го пречекувањето на Вучиќ.
Министерот за надворешни работи, пак, Бујар Османи, на Фејсбук објави фотографии од средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Поддршка за историски успех“, напиша Османи.