More

    Мараја Кери би можела да биде казнета со 20 милиони долари

    spot_img

    Мараја Кери би можела да биде казнета со 20 милиони долари, бидејќи со својот хит од 1994 година „All I Want for Christmas Is You“, наводно, ги прекршила авторските права.

    Во тужбата која ја поднел текстописецот Енди Стоун, покрај американската пејачка е обвинет и коавторот на нејзиниот хит, Волтер Афанасиеф.

    Мараја Кери ја објави оваа песна во 1994 година како дел од својот албум „Merry Christmas“ и оттогаш се смета за еден од најголемите божиќни хитови.

    Меѓутоа, во правните документи приложени до американскиот окружен суд во Луизијана, Стоун тврди дека тој бил коавтор на таа песна во 1989 година и дека никогаш не дал дозвола за нејзино користење.

    Во документите се наведува дека Кери и нејзините соработници „свесно и намерно учествувале во кампањата“ за кршење на авторските права на Стоун за песната. Се додава дека извршиле и „дела на неосновано богатење со неовластено присвојување на работата на тужителот“.

    Стоун бара отштета од 20 милиони долари.

    Албумот „Merry Christmas“ го објави „Колумбија рекордс“ на 1 ноември 1994 година. Станува збор за најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот.

    ФОТО: Јутјуб/Вево

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img