Мапа за Свети Валентин покажува како во Европа се изразува љубовта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Свети Валентин е празник од западната традиција, но се „провлекува“ низ цела Европа. Мапа од сајтот Јакубмариан покажува на колку сè различни начини луѓето кажуваат „те сакам“, односно „те љубам“. Украинското „ја тебе кoчају“ е различно од руското „ја тебја љубљу“, а изненадувачки германското „Их либе дих“ не е толку блиско со данското “јег елскер диг“, кајшто „елскер“ се јавува и во Шведска и во Норвешка.

„Сени севијорум“ на турски, „Те јубеску“ на романски…

фото: jakubmarian.com

Кој бил Валентин? Тој бил светец од 3 век во римското царство, осуден на робија, а вљубен во Јулија, ќерката на големецот што го затворил. Валентин претходно ја лекувал Јулија од слепилото. Пред да биде погубен ѝ испратил писмо од затворот кое, кога таа го отворила, според приказната, прогледала.

На блогот Јакубмариан често се објавуваат статички анализи на разни теми во врска со континентот. Според нивни истражувања, зборот „те љубам“ е прилично чест во некои земји. На пример, во текстот на нивниот сајт се вели дека во Велика Британија, каде се употребува почесто од зборот поздравот „доброутро“, според анализа од Гугл-букс.

Share This Article