Откако пред четири години објави дека добила ќерка, познатата убавица накратко прокоментира дека детето биолошки е нејзино, а досега не одговараше на прашања како нејзините деца дошле на свет.
Британскиот топмодел Наоми Кемпбел (54), манекенска легенда, ги изненади сите во 2021 година кога објави дека станала мајка на девојче, а потоа минатиот јуни доби и син.
Наоми пред три години истакна колку е среќна поради новата улога во животот, потврди дека е биолошки родител на својата ќерка и дека не е посвоена, а и многу не се огласуваше по тој повод, ниту често ги експонира своите деца.
Наоми сега одлучи да проговори и во интервју за „Тајмс“ откри како станала мајка.
– Моите бебиња се сè за мене. Затоа се плашам од иднината – истакнала таа.
Кемпбел објаснила дека никогаш не трагала по маж кој ќе биде татко на нејзините деца и дека е „среќна што е самохрана мајка“, што довело до прашања дали станала мајка со помош на сурогат мајка.
– Да – рекла Наоми Кембел и додала дека се надева на подобар свет за своите деца. „Тие ми се 100 отсто приоритет. Морам да бидам со нив на првиот училишен ден“.
Манекенката истакнала и дека е загрижена бидејќи помладите генерации не се заинтересирани за родителството, а инсистира дека тоа секогаш се исплати, без разлика на тоа колку се тешки околностите.
– Слушнав како млади девојки велат дека е прескапо да се има деца и дека можеби не ги сакаат, а јас им реков: „Ќе се предомислите. Ќе сакате да бидете мајка“. Разбирам дека економски е тешко. Но, мајка ми немаше ништо и успеа. Вреди да се биде мајка. Тоа е неверојатно – рекла супермоделот Наоми.
Да потсетиме, светот дозна дека Наоми Кемпбел го добила своето прво дете кога манекенката со емотивна објава сподели фотографија од стапалата на нејзината ќерка.