Леонардо Дикаприо откако се појави во Кан на Филмскиот фестивал, за да присуствува на премиерата на својот нов филм, замина за Сардинија со својот пријател, актерот Тоби Мегваер. На неговата јахта во Сардинија, уживаат и светскиот топмодел Ирина Шајк и уредникот на британскиот „Вог“ Едвард Енинфул.
Во Кан беа бројни поранешни партнерки на Дикаприо, од Тони Гарн до Мадалина Дијана Џин, како и Џиџи Хадид, за која американските медиуми пишуваа дека паднала на шармот на познатиот актер. Сепак, таа романса, како и многу други во животот на Дикаприо, не беше потврдена.
Дека Ирина Шајк и Лео можеби се нешто повеќе од пријатели се шпекулираше во април кога два пати по ред се појавија фотографии од нив двајца од ноќно излегување, снимени на вториот ден од познатиот фестивал Коачела. Очекувано, Леонардо Дикаприо не ја пропушти забавата во Калифорнија, а до доцна во ноќта помина со манекенката Ирина Шајк и нејзината пријателка Стела Максвел, исто успешна манекенка. Штом тие фотографии ја здогледаа светлината на денот, почнаа да кружат по социјалните мрежи и во медиумите. Всушност, некои од почетокот се сомневаа во тоа, а сето тоа поради фактот што руската манекенка има 37 години, а добро е познато дека сите партнерки на актерот немаа повеќе од 25 години, но и покрај тоа што Ирина ја обнови врската со својот поранешен партнер Бредли Купер, со кого ја има и ќерката Леа.
Дали поради тоа или поради фактот што Лео е пријател со Бредли Купер, поранешниот свршеник на Ирина, но засега ништо од врската. ТМЗ напиша дека Дикаприо и Шајк се само пријатели кои се дружеле на фестивалот Коачела и уживале во концертот. Овој сајт наведе дека актерот и манекенката се во одлични односи, но дека меѓу нив нема искри.
ФОТО: Инстаграм