Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руската авиокомпанија „Аерофлот“, откако Русија воено ја нападна Украина, соопшти денеска клубот.
Претходно, британската Управа за цивилно воздухопловство ѝ ја суспендираше дозволата за странски превозник на „Аерофлот“ и го затвори британското небо за оваа руска авиокомпанија.
„Во светло на случувањата во Украина, ги повлековме спонзорските права на „Аерофлот“. Ја делиме загриженоста на нашите навивачи ширум светот и изразуваме сочувство со оние, кои се погодени“, објавија од Манчестер јунајтед.
„Аерофлот“ во 2013 година стана прв руски спонзор на Манчестер јунајтед и клупски авиопартнер на местото на „Туркиш ерлајнс“.