Малолетник споделил експлицитни фотографии од неговата малолетна девојка на интернет, во ПС Драчево бил извршен службен разговор.
Вчера во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа споделил фотографии со експлицитна содржина од неговата малолетна девојка, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.