Малите семејни фарми да ги применат биосигурносните мерки

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија” што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Како што беше истакнато, месечно се јавуваат по еден до два нови случаја на болеста во земјава и тоа токму кај нерегистрираните, мали семејни фарми кои не обрнуваат големо внимание на биосигурносните мерки.

Од првиот случај во 2022 година до денес, кај нас се регистрирани 62 жаришта, а депопулација е извршена на преку 14.000 свињи.

– Проблемот со свинската чума трае веќе две години и има голем процент на заразеност во сите делови на државата. За жал, малите фармери, тие што не се регистрирани, не ги сфаќаат пораките од Агенцијата за храна и ветеринарство и од поголемите фарми и ние сме на удар. Ако  се продолжи вака, би можеле да останеме без свинско месо на македонските трпези. Затоа, акцентот треба да се стави, пред се, на малите фарми, да се подигне нивото на свест за да можеме сите заедно да се бориме со овој горчлив проблем – изјави претседателот на Здружението на свињарски фарми „Македонско прасе“ Бојан Георгиевски.

Тој напомена дека против вирусот на африканска чума нема вакцина, ниту лек.

– Имаме проблем со трговците на прасиња, фармите не се оградени, немаат бариери, гробници, комарници (зашто вирусот е векторски пренослив и може да се пренесе и преку храна и преку крв и преку облека), не се внимава кој влегува на фармата, а кој излегува. Ова се дел од најкруцијалните работи кои не се опфатени во онаа популација фармери кои уште мислат за африканската чума исто како за короната, дека е донесена од некаде големите фарми да ги уништат малите. Но, тоа нема врска. Сите заедно работиме и за сите има место на овој пазар – посочи  Георгиевски.

Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, секојдневно се апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и концесионрите на ловиштата да ги применуваат биосигурносните мерки. Според него од првиот случај во земјава, во 2022 година, до денес има 62 регистрирани жаришта, а депопулација е извршена на преку 14.000 свињи. Оваа бројка за нашата економија е доста голема.

– Се работи за високосмртоносен вирус за домашните животни. Болеста не спаѓа во групата зоонози, кои се пренесуваат и на луѓето, а, за жал, предизвикува катастрофални последици во економиите на државите каде има голем замав. Во регионот скоро нема земја во која не е регистрирана болеста и кај домашната и кај дивата популација свињи. Мерките за справување на светско ниво се веќе востановени, а тоа значи дека останува на нас да ги применуваме – рече тој.

Share This Article