„Малчанскиот Бербер“ има 3 верзии за исчезнувањето на девојчето

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот полицаец специјализиран за крвни и полови деликти Владимир Савиќ изложи претпоставка за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ од Бор која вклучува можност за влашка магија или за педофилија, објави Вечерњи.

Поранешниот припадник на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија Владимир Савиќ, заедно со колегите во 2019 година, по неколкудневна потрага, спасил дете од рацете на педофил.

Тој е познат како Малчански Бербер, а за неговиот храбар подвиг бил прогласен за маж на годината во Србија.

– Ова не е првпат да исчезне дете во Бор, на тој простор често се случуваат монструозни злосторства. Според моето долгогодишно искуство, во Министерството за внатрешни работи (МВР), со решавање случаи на крвни и на полови деликти, имам 3 можни верзии за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ. Првата верзија е поврзана со педофилијата, втората со ритуалните обреди на влашката магија, а третата ја вклучува можноста родителите на девојчето да учествувале во нејзиното исчезнување – појаснил Савиќ.

За првата верзија, дека овој трагичен настан е поврзан со педофилијата, на чуден начин потврдува и полициската акција во која ден по објавата за исчезнувањето на Данка биле уапсени бројни педофили во неколку градови во Србија, меѓу кои и неколкумина од Бор и од 20 километри оддалечениот град Зајечар, според него.

Тие малтретирале деца на возраст од 3 до 14 години.

– Втората верзија, која, како поранешен член на МВР специјализиран за крвни и полови деликти, не би ја исклучил, е поврзана со обредите на влашката магија – рекол Савиќ.

Тој посочил дека Бор и блиските градови Зајечар и Мајданпек имаат еден заеднички именител, а тоа е влашката магија, која заедно со вуду магијата се смета за една од најсилните во светот, според Савиќ.

– На тој простор сè уште „оперираат“ разни јасновидци и гатачи, се прават ритуали во кои луѓето сè уште веруваат во 21 век, па во 2008 година, во источна Србија, во селото Јабуковац се случи злосторство. Повратник од странство, убеден дека целото село му прави црна магија, убил четиринаесетмина или петнаесетмина луѓе – рекол поранешниот полицаец нагласувајќи дека станува збор за многу специфична средина, што треба да се има предвид.

- Advertisement -
Ad image

Тој информирал дека не е првпат да исчезнат деца во Бор. Пред една година, на пример, имало исчезнување, а потоа и киднапирање на малолетно лице.

Третата верзија за вклученост на родителите, за Савиќ, исто така е многу веројатна. Тој верува дека мајката, не одговарајќи на т.н. „златни прашања“ на криминологијата, на истражителите не им ја открила целата вистина за настанот кој го сведочела, па затоа, според информациите објавени во медиумите, се сомневал дека нешто крие.

И поранешниот началник на белградската полиција и член на Светската асоцијација на началници на полиции, Марко Ницовиќ, рекол за српскиот Курир дека истрагата треба да ја смени насоката.

- Advertisement -
Ad image

– Во светот има голема експанзија на трговијата со деца, особено на нејзина возраст, па надлежните органи како следен чекор треба да ги проверат на граничните премини. Доколку детето исчезнало во тишина, како што се претпоставува, тоа само би значело дека е киднапирано на професионален начин или дека самите сведоци на исчезнувањето имаат некакви сознанија – изјавил Ницовиќ и додал дека и распитот на членовите на семејството треба да продолжи.

Пребарувањето на областа околу местото на исчезнување сега, за жал, е губење време и ресурси, додал тој.

– По толку време, речиси и нема шанси детето да биде во тој предел. Секоја педа е испитана и нема резултати, затоа треба да се смени насоката на истрагата – сугерирал поранешниот началник.

Трагањето по 2-годишната Данка Илиќ од Бор, која исчезна практично пред очите на мајка си, во вторникот рано попладне, во приградската населба Бањско Поље, продолжува. Сè уште нема трага каде се наоѓа, а многумина експерти во меѓувреме се обидуваат да ја решат мистеријата околу нејзиното исчезнување.

Share This Article