Малата Јана починала од срцев удар предизвикан од пневмонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.

– Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.

Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

Share This Article