More

    Макрон  предупреди дека дури и ако европските сојузници на Украина одлучат да испратат борбени авиони во Киев, тие нема да бидат испратени во „наредните недели“

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон  предупреди дека дури и ако европските сојузници на Украина одлучат да испратат борбени авиони во Киев, тие нема да бидат испратени во „наредните недели“.

    – Не исклучувам ништо.. но тоа не одговара на денешните барања – рече Макрон по самитот на ЕУ во Брисел на кој присуствуваше и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

    Велика Британија понуди да ги обучи украинските пилоти на западни авиони, додека Полска и Словачка размислуваат да испратат повеќе ловци Миг-29, кои Киев веќе ги користи.

    Но, сојузниците на Украина се нервозни дека распоредувањето напредни западни борбени авиони би предизвикало дополнителна ескалација од страна на Москва и ризик од отворен конфликт меѓу НАТО и Русија, јавија француските медиуми.

    Макрон и другите лидери на ЕУ во Брисел го поздравија Зеленски како херој и ветија дека ќе стојат покрај Украина до победата – но тие беа внимателни за неговото барање за борбени авиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img