More

    Макрон откри дали ќе гостува во серијата „Емили во Париз“

    spot_img

    „Јас сум помалку привлечен од Брижит!“

    Вака одговори францускиот претседател Емануел Макрон на прашањето дали му се допаѓа идејата да гостува во серијата „Емили во Рим“ откако неговата сопруга Брижит имаше епизодна улога.

    – Бев многу горд и и беше задоволство да го направи тоа. Беа само неколку минути, но мислам дека беше многу убав момент за неа. Мислам дека тоа е позитивно за имиџот на Франција. „Емили во Париз“ е многу атрактивна серија кога е во прашање промоцијата на земјата. За мојата работа, тоа е одлична иницијатива – изјави Макрон магазинот „Variety“.

     

     

    На прашањето што ќе се случи кога главниот лик од следната сезона на серијата ќе се пресели во Рим, Макрон рече дека тоа нема да помине без борба.

    – Ќе се бориме жестоко да го спречиме тоа да се случи. Ќе ги замолиме да останат во Париз! „Емили во Рим“ нема никаква смисла – рече претседателот Макрон.

    Според Макрон, серијата која е хит на Нетфликс е одличен начин Франција да го врати своето место како глобален центар на културата.

    Францускиот претседател истакна дека настаните како Олимписките игри во Париз, како и популарната серија „Емили во Париз“, претставуваат француски стил и шарм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img