Макрон мобилизираше 7.000 војници во страв од исламски терористи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дворецот Версај во Париз е евакуиран поради дојава за поставена бомба, пренесува весникот „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори.

Се додава дека на веб-страницата moncommissariat.fr е добиена анонимна дојава, а дворецот ќе биде затворен до крајот на денот.

Претходно поради закана за поставена бомба беше затворен и познатиот музеј Лувр, јави француската ТВ БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Музејот Лувр во Париз денеска е затворен поради безбедносни причини, бидејќи Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас.

„Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители“, изјави портпаролката на Музејот по објавувањето на затворањето на социјалните мрежи.

Таа посочи дека одлучиле да го евакуираат Музејот и да го затворат цел ден, додека не ги извршат потребните проверки.

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници за да се засилат безбедносните патроли во земјата, соопшти денеска Елисејската палата, еден ден откако 20-годишен исламски екстремист од градот Арас, во северна Франција, избоде до смрт локален наставник во средно училиште.

Британските медиуми наведуваат дека Франција прогласи највисоко ниво на безбедносна тревога по вчерашниот напад.
Елисејската палата соопшти дека воената мобилизација ќе се спроведува до понеделник вечер и ќе важи во следниот период, што ќе биде проследен со редовни патроли во главните градски центри и популарни туристички места.

Кабинетот на францускиот претседател потврди дека француските безбедносни сили спречиле нов „обид за напад“ во друг регион, без да прецизираат во кој регион.

- Advertisement -
Ad image

„Училиштето во Арас беше цел на варварски исламистички тероризам“, изјави вчера Макрон по посетата на училиштето, додавајќи дека жртвата со неговата храброст „најверојатно спасила многу животи“ во обидот да го блокира напаѓачот, јави порталот Франс 24.

Полицијата го уапси осомничениот напаѓач, Мохамад Могучков, по потекло од Чеченија, република на Руската Федерација лоцирана во претежно муслиманскиот регион на Јужен Кавказ.

Тој веќе бил регистриран во регистарот за национална безбедност на Франција, означен како потенцијална безбедносна закана и под електронски и физички надзор од француската служба за внатрешна безбедност DGSI, објавија француските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен синоќа изјави дека нападот во Арас е поврзан со настаните на Блискиот Исток, каде Израел води воена офанзива против Хамас.

Share This Article