Макрон ги убедуваше Французите и на уличен пазар за потребата од пензиска реформа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Демонстрантите околу замокот каде што вчера одржа говор францускиот претседател Емануел Макрон правеа врева со удирање во тенџериња и тави, незадоволни од неговата пензиска реформа.

Демонстрантите удираа во тенџериња и во други делови од земјата каде што патувале владини претставници, јавија локалните медиуми.

Макрон присуствуваше на церемонијата по повод 175-годишнината од укинувањето на ропството во Франција во Форт де Жук, во близина на границата со Швајцарија, замокот каде што беше затворен и умре најистакнатиот водач на револуцијата на робовите на Хаити, Тусен Лувертур во 1803 година.

Додека полицијата ги спречувала демонстрантите да се доближат до замокот, Макрон застанал во блиската населба Дол за да разговара со Французите на уличниот пазар каде што немало удирање во тенџериња и тави.

Меѓутоа, како што јавија локалните медиуми, мештаните успеале да му ја пренесат на францускиот претседател својата загриженост за промената на законот за пензиско осигурување, поскапувањето на храната и енергијата и влошувањето на здравствената заштита во државните болници.

Макрон на критиките одговори „некои реформи мора да се спроведат, дури и да не се популарни, бидејќи ако тоа не се направи, нема да може да се создаде богатство што би се прераспределило“.

Протести вчера организираше и левичарскиот синдикат ЦГТ.

Десетици демонстранти и членови на синдикатот излегоа на терминалите на парискиот аеродром Шарл де Гол барајќи повлекување на пензискиот закон. Демонстрациите не ги нарушија летовите.

Стотици вработени во државната компанија за електрична енергија „Енедис“ ги паркираа своите сини службени возила пред портите на палатата Версај, во близина на Париз.

- Advertisement -
Ad image

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години предизвика повеќемесечни насилни протести.

Противниците на законот беа дополнително налутени поради тоа што владата на Макрон во март избра да го искористи специјалното уставно право за спроведување на реформата без парламентарно гласање.

Сите главни француски синдикати планираат да одржат протести низ целата земја на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article