Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт Амели Удеа Кастер, станаа една од главните теми на социјалните мрежи по чудната прегратка и бакнеж за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Поранешната тенисерка, а сега министерка за спорт Амели Удеа Кастер се поздрави присно со Макрон, ставајќи ја дланката преку неговиот врат, што многумина го коментираат како „непристојна поза“ и необичен поздрав на министерката со претседателот на државата.
„Вака се бакнуваат љубовниците“, „Недостојно за претседателот и министерката“„Премиерот Атал ја врти главата затоа што му е непријатно“, „Мислам дека оваа фотографија е непристојна“,„Срамота“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.