More

    Македонците во Албанија остро му одговорија на бугарскиот европратеник

    spot_img

    Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), реагираше во врска на посетата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на областа Гора, кој, како што беше објавено, „бил во посета на Бугарите“.

    Во реакцијата на МАЕИ се осудува однесувањето на европратеникот Ковачев и бугарскиот амбасадор во Албанија, кои заедно со други дипломати од Бугарската амбасада во Тирана, давајќи лажни ветувања за помош од европските фондови за подобрување на условите за живот и издавање на бугарски пасоши, се обидуваат да ги убедат Македонците во Гора на претстојниот попис на населението во септември годинава да се попишат како Бугари.

    „Во областа Гора нема бугарско малцинство, туку со векови живеат Македонци, кои се горди на тоа. Во деветте села во областа Гора живеат Македонци со исламска вероисповед. И на последниот попис во 2011 година во областа Гора се изјаснети за Македонци, ниту еден не е изјаснет за Бугарин“, се наведува во реакцијата.

    Од МАЕИ додаваат дека „во меморијата на жителите на Гора трајно се врежани бугарските злосторства за време на окупацијата во областа од страна на Бугарија во Првата светска војна“ и „геноцидот што бугарската војска го изврши врз Македонците во областа Гора убивајќи илјадници од нив и силувајќи многу млади девојки и жени“.

    „Според историските факти, за време на окупацијата на областа Гора од страна на Бугарија во Првата светска војна, поради политиките на Бугарија за бугаризирање и за менување на верата на жителите во областа на Гора и во состојба на изолација, во оваа област годишно умирале околу 4000 луѓе, така што во селата немало кој да ги закопува телата. Претставувањето на Македонците од Гора како Бугари 100 години по бугарските злосторства од страна на Андреј Ковачев и бугарските дипломати, го сметаме за примитивна перверзија, грубо мешање во внатрешните работи на Албанија и бараме од албанските власти да не потклекнуваат на бугарските притисоци за членство во Европска Унија“, се наведува натаму во реакцијата.

    МАЕИ посочува дека „жителите на областа Гора очекуваат официјално извинување од Бугарија за злосторствата извршени од страна на бугарската војска за време на Првата светска војна“.

    „Апелираме до албанската Влада и надлежните министерства и органи, но и до претставниците на меѓународната заедница во Албанија, да реагираат на овие активности на бугарските претставници, Бугарската амбасада и на официјална Софија, заради прекршување на принципите на Виенската конвенција за дипломатските односи и отворениот напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Албанија. Бараме од Албанија да вложи во развојот на регионите каде што живеат Македонците, бидејќи тоа се најсиромашни региони во Албанија, запоставени во изминатите 30 години, за подобрување на условите за живот и работа“, нагласува МАЕИ во реакцијата.

    Не смееме, посочува партијата, како држава и општество да дозволиме, поради сиромаштијата, македонската заедница да стане жртва во обидите за негација и асимилација од страна на Бугарија.

    „Обврска е на институциите на власта, да ги заштитат, своите сограѓани Македонци од бугарската агресија, која со политики и практики против добрососедството, врши грубо мешање во внатрешните работи на Република Албанија. Сета оваа борба на Софија, не е борба за човекови права на некои нивни измислени сонародници кои живеат во Албанија. Ова е борба за остварување на рускиот проект Голема Санстефанска Бугарија, која вклучува територии и од денешна Албанија“, се додава во реакцијата на македонската партија МАЕИ.

    Според партијата, реакцијата ќе биде доставена до странските амбасади и мисии во Тирана, како и до албанските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img