Македонските јуниори се пласираа во финалето на Европското првенство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонските кошаркари до 18 години ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

„Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата.

Луканоски имаше „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ даде 17 поени, Марјановиќ 12.

На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза.

Меѓу навивачите беше и премиерот Христијан Мицкоски кој ги бодреше кошаркарските јуниори.

Share This Article