Македонските IP адреси не значи дека потекнуваат од Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Појавувањето на македонски IP адреси не значи дека мора да потекнуваат од Македонија, одговори македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) по гласините дека македонски хакери наводно вмешале прсти во претседателските избори во Венецуела.

„Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите  се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани, но досега не биле пристигнати никакви барања од властите во Венецуела за понатамошни проверки од македонска страна“, се вели во соопштението.

МВР притоа нагласува дека, дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонија.

„Од досегашното искуство постои голема веројатност истите адреси да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или пак да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или  малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери. Најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер и без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел блокирање, преоптоварување на истата“, се вели во реакцијата на МВР.

Share This Article