More

    Македонските граѓани кои работат надвор од државата, а немаат извадено патни исправи со додавката „Северна“ после 12 февруари, ќе имаат големи проблеми ако сакаат да се вратат дома

    spot_img

    Македонските граѓани кои работат надвор од државата, а немаат извадено патни исправи со додавката „Северна“ после 12 февруари, ќе имаат големи проблеми ако сакаат да се вратат дома.

    Нашите државјани на социјалните мрежи коментираат дека ги контактирале дипломатските тела на Македонија во странство и таму им потврдиле дека за две недели пасошите ќе им бидат невалидни. Оттаму ги информирале дека во земјава ќе можат да влезат само со вадење Патен лист издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на РС Македонија и тоа 20 дена пред да патуваат кон Македонија.

    Најголем проблем, според објавите на Фејсбук, имаат Македонците кои живеат и работат на Малта. Во оваа земја нема дипломатско претставништво на Македонија, па поради тоа Македонците кои работат и живеат таму мора да одат во македонската амбасада во Рим, Италија.

    – Изложени сме на дополнителни трошоци, мораме да патуваме до Рим за да се фотографираме. Јас го пропуштив терминот што беше договорен во ноември, а следниот најверојатно ќе биде во февруари/март. Проблемот настанува доколку треба да отпатуваме некаде, без разлика дали да одиме во друга држава или да се вратиме дома, мораме повторно да одиме во Рим за да земеме Патен лист. Размислував и да се вратам во Македонија за таму да се фотографирам, но од работа можам да добијам само 3 слободни дена и тоа со викенд, па не знам дали ќе успеам и по брза постапка да го земам новиот пасош. По 12 февруари доколку не биде готов нема да можам да излезам од Македонија ниту пак пасошот ќе ми биде испратен по пошта – велат Македонците од Малта.

    Македонските надлежни институции споделија каква е процедурата за сите државјани кои живеат и работат во странствоа, а на кои по 12 февруари пасошот ќе престане да им важи.

    – Доколку државјани на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава (по кој било основ) и кои до 12 февруари 2024 година немаат извадено нови патни исправи (пасоши), истите можат да се вратат во Република Северна Македонија со Патен лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Северна Македонија – велат за Плусинфо од Министерството за надворешни работи (МНР).

    Министерството ги потсетува нашите државјани дека имаат право да се сликаат во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво во странство во кое има воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или по е-пошта.

    – Ги повикуваме останатите државјани кои се во странство, а кои немаат можност да се стекнат со нови патни исправи преку дипломатските и конзуларните претставништва, тоа да го направат во земјава (вклучувајќи сликање и подигнување на новата патна исправа), поради неможноста истите да се достават преку пошта – велат од МНР.

    Оттаму додаваат дека рокот на старите пасоши истекува на 12 февруари и тоа значи дека по тој датум, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат земјава.

    Македонија има претставништва со базни станици во Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и во Чикаго. Додека претставништва со мобилни станици има во Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и во Мелбурн.

    – Процедурата за стекнување со нова патна исправа од денот на сликање трае околу 30 дена, а државјаните мораат лично (согласно соодветните законски прописи) да ги подигнуваат новите патни исправи во дипломатското или конзуларното претставништво каде ќе го извршат сликањето – додаваат од МНР.

    Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо велат дека постапуваат по барањата на македонските граѓани и им излегуваат во пресрет на сите оние кои се пријавиле за фотографирање на нови лични документи.

    – МВР ги доставува во дипломатските претставништва само патните исправи за кои претходно граѓаните имаат поднесено барања и се сликани во овие претставништва согласно упатството за начинот и постапката за поднесување барање за издавање пасош во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во странство, како и начинот на водење на евиденцијата за поднесените барања – велат за Плусинфо од ресорното министерство.

    Како што додаваат оттаму, по 12 февруари, македонските граѓани ќе можат да ја минат државната граница со лична карта, но само доколку патуваат во Србија, Косово, Албанија и во Црна Гора, но не и во други земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img